Роботите ќе намалат 85 милиони работни места во средни и големи фирми во следните пет години, бидејќи пандемијата на вирусот корона ги забрзува промените на пазарот на трудот и ги зголемува нееднаквостите, проценува извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ).
Според Ројтерс, истражувањето спроведено во 300 компании во светот покажало дека четири од пет администрации ги забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примена на нови технологии, што ги поништува придобивките од вработувањето постигнато од финансиската криза 2007-2008 година.
„Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината во работата“, рече директорот на СЕФ, Садија Захиди.
За да ги задржат своите работни места, работниците ќе мора да научат нови вештини во следните пет години, бидејќи до 2025 година, работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во студијата.
Во целина, се проценува дека создавањето работни места се забавува, а нивното затварање се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе користат технологији за да извршуваат многу работи наместо луѓето.
Коментари
Loading…