in

Родила четири деца и морала да ги остави своите две деца поради БИЗАРНА причина!

Вирџинија Адиамбо (26) се породи во 31-та недела од бременоста во јужната болница Најроби во Кенија.

Таа роди четири момчиња, Мика, Џек, Теди и Малик. Поради компликации, таа е пренесена на интензивна нега, а момчињата биле ставени во инкубатори.

“Имав најдобра можна бременост. Без никакви компликации. Се чинеше дека сè се одвива добро, се додека не пукна водењакот”, рече таа.

Ден по породувањето сè се искомплицира.

„Ми се надуваа нозете и стомакот и добив сериозна инфекција на која не влијаеа лекови“, се сеќава таа, додавајќи дека добила трансфузија на крв, но ниту на тоа не реагирала добро.

За жал, нејзиното закрепнување траеше цели пет недели, па и беше врачена сметка од скоро 25.000 фунти во болницата. По разговорите со управата на болницата, на Вирџинија и нејзиниот партнер Чарлс Кајел Ндоње им беше дозволено да ги однесат двете деца дома, а преостанатите две деца ќе можат да бидат земени само кога ќе успеат да соберат доволно пари за да ги подмират долговите на болницата.

“Мика и Теди се дома, но Џек и Малик се уште се во болница. Ако успееме да собереме доволно пари, треба да ги земеме оваа недела. Но, колку подолго ќе останат таму, толку поголема ќе биде сметката”, рече таа.

Претходните години парот се обиде да добие дете, но тоа беше многу стресно патување. Вирџинија имала цисти на јајниците, па нивната желба се оствари дури минатата година кога откри дека очекува четворки.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote