in ,

СлаткоСлатко

Ролат со крем од лешници

Разубавете си го денот со овој вкусен, а исклучително лесен за подготовка, ролат со крем од лешници…

За тесто:

200 милилитри млеко
500 грама брашно
150 грама маргарин
3 лажици шеќер
сол

Фил:

600 грама мелени бисквити
400 грама крем од лешници
200 милилитри млеко

Подготовка:

Во сад, ставете го топлото млеко, квасецот и шеќерот и почекајте неколку минути квасецот да стаса. Во садот додајте половина од потребното количество брашно и повторно убаво измешајте. Додајте го и стопениот маргарин, солта и преостанатото количество брашно и замесете меко тесто.

Вака добиеното тесто, оставете го да стасува околу 30 минути. Додека чекате да помине потребното време, почнете со подготовка на филот.

Во сад ставете ги бисквитите, кремот од лешници и убаво измешајте. Ако добиената смеса е премногу густа, можете да додадете уште малку млеко. Ако смесата е ретка, додајте уште малку бисквити. Сето тоа убаво измешајте го.

Нараснатото тесто, поделете го на два дела. Со сукало развлечете две различни кори, филувајте ги во средишниот дел и од нив завиткајте два идентични ролати.

Вака подготвените ролати, ставете ги во претходно подмачкана тава за печење. Оставете ги да стасаат околу 20 минути. Ролатите печете ги во претходно загреана рерна на температура од 150 степени околу 30 минути.

 

На здравје

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote