in

РОЛАН ГАРОС: Серена Вилијамс стигна до четвртата рунда!

Серена Вилијамс со фантастична претстава, без потешкотии се пласираше во четвртата рунда од Ролан Гарос.

Американката успеа да ја победи нејзината сонародничка Данеле Колинс во два сета со резултат 6-4 6-4. Во средната рунда таа ќе се соочи со Казакстанката Елена Рибакина. Вилијамс е моментално рангирана како седма на АТП листата.

Вилијамс се обидува да го израмни рекордот на Маркарет Корт за освоени 24 Грен Слем титули во кариерата, но уште од 2016 не успеала да ја помине четвртата рунда на Ролан Гарос.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote