in

Ролувани тиквички со моцарела и сланина

Потребни состојки:

  • 3-4 тиквички
  • 250 гр моцарела (можете и младо сирење по ваш избор)
  • 100 гр. тенко сецкана сланина или пршута
  • малку брашно
  • малку сол
  • црн бибер
  • масло за готвење

Начин на подготовка

  1. Исечете ги тиквичките надолж на тенки парчиња, секоја зачинете ја и оставете ги 10 минути да отстои.
  2. Тиквичките избришете ги со хартиена крпа и потоа секое парче набрашнете го само од една страна.
  3. Спремете сланина или пршут.
  4. Во истата тава испржете ги тиквичките. Првин од набрашнетата страна а потоа само неколку минути од другата страна.
  5. Кога се тиквички готови, на набрашнетата страна ставете ја веќе испржената сланина и парче свежо сирење. Тиквичката замотајте ја во ролна, секоја прицврстете ја со чепкалка и наредете ги во тава за печење.
  6. Печете ги на 160 степени се додека не добијат светло кафена боја.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote