in

Рома му ја украде победата на Интер!

Дерби натпреварот во 17. коло во Серија А помеѓу Рома и Интер заврши без победник 2:2. Возбудливиот натпревар без полн со пресцврти, Рома поведе, Интер направи пресврт но на крајот ја испушти победата и го загуби чекорот со водечкиот Милан.

Римската волчица“ одлично го започна натпреварот, поведе во 17. минута преку Лоренцо Пелегрини кој одлично шутираше и го совлада Ханданович.
Интер се разбуди по примениот гол, но во првото полувреме не успеа да израмни иако имаше голема теренска иницијатива.

Но, во 56. минута по корнерот, Мартин Шкринијар највисоко скокна и донесе израмнување. Водството на Интер му го донесе уште еден дефанзивец, Ашраф Хакими кој прво не реализира, но во 63. минута со преубав гол направи пресврт.
Рома потоа тргна на се или ништо и таквата игра и се исплатеше во самиот финиш, односно во 86. минута кога Манчини го шокира Интер и донесе израмнување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote