in

Usain Bolt верува дека Cristiano Ronaldo би можел да го победи во трка!

Усеин Болт верува дека фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо би го победил во трка. Јамајканецот го држи светскиот рекорд во трка на 100 метри кои ги истрча за недостижни 9.58 секунди во Берлин во 2009, но сега е тотално надвор од форма по неговото пензионирање во 2017. Петкратниот освојувач на Златната Топка, Кристијано Роналдо, успеа да истрча 92 метри за помалку од 10 секунди во натпреварот против Наполи во Септември 2019.

Исто така за време на Светското Првенство во фудбал, Роналдо ја забележа најголемата брзина на турнирот. Болт се обиде да започне кариера во професионалниот фудбал, но не беше успешен во својата намера. Сега тој го нарече Кристиано Роналдо „супер атлета“ и изјави дека моментално тој е побрз од него.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote