in

Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон со поглед од 360 степени на целиот град! [ВИДЕО]

По подарокот на неговата девојка Џорџина во форма на луксузна куќа во Мадрид, кој се проценува на 2,5 милиони евра, сега се „појави“ последната инвестиција на Кристијано Роналдо. Тоа е најскапиот таван во Лисабон, кој надминува 7,2 милиони евра и се наоѓа во најексклузивната зграда во градот.

Станот од 287 квадратни метри, изграден во срцето на главниот град на Португалија, се наоѓа во прекрасната зграда „Кастиhoо 203“ на 20-ти кат од блок од 19 апартмани и има спектакуларен поглед од 360 степени, пишува „Ла Разон“

Но, без сомнение, вистинскиот „скапоцен камен“ е базенот кој се наоѓа на покривот на зградата и му припаѓа на станот на Кристијано. Околу него има место за одмор.

Португалската sвезда веќе поседува недвижен имот во Мадрид, Торино, Мадеира, Манчестер и Њујорк.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote