in

СмешноСмешно

Сите повторно му се смеат на Роналдо заради реакцијата во живиот ѕид! [ВИДЕО]

Кристијано Роналдо успеа да се најде повторно во центарот на вниманието поради една од неговите реакции на теренот.

На натпреварот во кој Јувентус ја совлада Парма со резултат 3:1, во фокусот се најде реакцијата на Роналдо на водечкиот гол на гостинскиот тим.

Португалецот повторно им овозможи на своите противници да ја затресат мрежата на Јувентус со комична реакција во живиот ѕид, како на мечот против Порто.

Иако, неговата реакција не беше кобна како онаа против Порто, кога Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампионите, тоа повторно предизвика исмевање во јавноста.

Роналдо овојпат не скокна, иако топката одеше точно над главата.

Да бидат работите уште полоши, тој ја спушти главата и ја истегна ногата, и сè изгледаше како да сака да скрие.

Овој пат, неговите соиграчи ја поправија неговата грешка, и на крајот го свртеа резултатот против Парма со три гола.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote