in

Што?Што?

МОЖНА КАЗНА ЗА РОНАЛДО? УЕФА предупредува: Можни казни за преместувањето на спонзорските пијалоци!

Учесниците на Европското првенство може да се соочат со парични казни доколку нивните играчи ги померуваат спонзорските пијалоци на прес-конференциите, објави организаторот УЕФА.

Во понеделникот, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, извади две шишиња Кока-Кола и им рече на луѓето дека треба да пијат вода.

Еден ден подоцна, францускиот фудбалер Пол Погба отстрани шише пиво Хајнекен.

„УЕФА ги потсети екипите учеснички дека спонзорите и партнерите се дел од турнирот и дека тие обезбедуваат развој на фудбалот низ цела Европа“, рекоа организаторите во четвртокот.

Директорот на турнирот Мартин Кален потсети дека играчите се обврзани да ги почитуваат регулативите на турнирот, бидејќи нивните Федерации имаат потпишано договори, и дека постои можност за казни.

Сепак, тие казни не се однесуваа на играчите, туку на Здруженијата.

Потсетуваме, Роналдо со својот потег ги сруши акциите на познатата компанија за цели четири милијарди евра.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote