in

Што?Што?

Кристијано Роналдо го престигна Двејн Џонсон со заработка на популарната платформа Instagram!

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо (36), се искачи на првото место кога станува збор за заработка од реклами на неговиот Инстаграм профил, и го „тргна“ американскиот актер Двејн „Рок“ Џонсон од лидерската позиција, Јавија британските медиуми.

Роналдо, кој има 308 милиони следбеници на Инстаграм, може да наплати 1,6 милиони долари за една реклама на својот профил, објави компанијата „Hopper HQ“, која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.

Двејн Џонсон, кој има 250 милиони следбеници, ќе ви наплати 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде, која може да заработи 1,51 милиони долари.

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (224 милиони следбеници) има можност да заработи 1,1 милиони долари за реклама на својот Инстаграм профил.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote