in

РСЕ: БЕЗ РЕАКЦИЈА И КОМЕНТАР ОД КРЕМЉИН И ПУТИН ЗА ИЗБОРОТ НА БАЈДЕН!

Додека американските сојузници многу брзо го поздравија изборот на Џозеф Бајден за следен претседател на САД, а Германија го оцени како „ново и возбудливо поглавје“ во трансатлантските односи, засега во Русија владее тишина, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) на веб-страницата на англиски јазик.

Ваквиот став на Кремљин не е изненадувачки, бидејќи се очекува Бајден, кој беше прогласен за победник на претседателската трка на 7 ноември, да заземе построг став кон Русија во однос на прашањата за човековите права и нивната надворешна политика во однос на сегашниот претседател Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател повеќепати го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за „злонамерни активности“, вклучително и инвазија на соседите и мешање во изборите на други земји, а неодамна ја нарече земјата „противник“.

Во интервју за магазинот „Њујоркер“ во јули 2014 година, Бајден тврди дека бил „остар со Путин“ за време на нивниот состанок три години порано, кога ги надгледувал американските напори да и помогне на Украина во борбата против сепаратистите во источна Украина, што е поддржано од Русија.

Русија на крајот беше исфрлена од Групата осум (Г8) заради непријателство кон Украина, која вклучуваше и анексија на полуостровот Крим, пренесува РСЕ.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote