in

Русија и САД повторно во трка за вселената! Овој пат се натпреваруваат кој попрв ќе сними филм „над нашите глави“!

Трката за вселената помеѓу Русија и САД повторно е актуелна, но овој пат се натпреваруваат кој попрв ќе сними филм надвор од Земјата.

Минатата година беше соопштено дека популарниот Том Круз повторно се спојува со режисерот Даг Лиман и ќе снимаат филм во вселената подржан од страна на НАСА и милијаредерот Илон Маск. Но поради пандемијата овој проект мораше да биде одложен и не слушнавме ништо ново за таа тема.

Сега пак пристигнуваат новости од другата страна на светот. Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека ќе снима филм во вселената и повторно ја направи актуелна озогласената трка од „Студената Војна“. Сценаријата се спремни за двата филма, останува само да видиме кој ќе го гледаме на филмските платна попрво.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote