in

Русија издвојува 1 милијарда за вакцинирање на своето население!

Се претпоставува дека вакцинацијата во Русија против Ковид-19 ќе ја чини оваа држава околу една милијарда евра, соопшти руското Министерство за финансии.

– Во следните 12 месеци ќе се соочиме со нови трошоци кои не се предвидени во буџетот, посебно со вакцинацијата на населението. Ресурсите за тоа се огромни, а трошоците би можеле да изнесуваат околу една милијарда евра. Се зависи како ќе се движи вакцинирањето и колку луѓе ќе бидат заинтересирани за имунизација. Се ќе биде бесплатно и на сметка на државата, изјави денеска минитерот за финансии Антон Силуанов.

Русија до крајот на годинава ќе овозможи за граѓаните повеќе од еден милион вакцини Спутник V, а рускиот претседател Владимир Путин претходно наложи организирање на масовно вакцинирање против Ковид-19 во цела земја.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote