Воените кучиња и кучињата за откривање мини ќе бидат подложени на задолжителна вакцинација против вирусот коронавирус пред Парадата на победата на плоштадот Палас во Санкт Петербург, објави Западниот воен округ.
Ќе бидат вакцинирани и кучиња кои работат на аеродромот во Пулково.
„Превентивната вакцинација на помагачи од четири нозе ќе спречи развој на опасни болести, вклучувајќи беснило, лишаи, заразни болести и коронавирусен ентеритис“, се вели во соопштението.
Не е прецизирано дали животните ќе бидат заштитени од ковид со вакцинација и која вакцина ќе ја примат.
Подготовките за годинашната Парада на победата веќе започнаа во Русија. Празнични манифестации ќе се одржат во 377 градови и населени места, а воени паради ќе бидат организирани во 28 руски градови.
Коментари
Loading…