in

WTFWTF

Русија ги заострува казните за кршење на правилата за протест!

Руските пратеници изгласаа закон за заострување на казните за кршење на правилата со кои се регулираат протестите, закон што следува неколку дена по задушувањето на протестите за поддршка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Текстот испратен до Државната дума (собрание), долниот дом на рускиот парламент, предвидува парична казна за демонстрантите до 4.000 рубли (околу 45 евра), што е четири пати поголема од износот на сегашната парична казна во случај демонстрантот да не се покорува на полицијата наредби.

Законот предвидува и повисоки казни за кршење на правилата за прибирање средства и трошоците за организирање митинг.

Текстот на законот ќе биде испратен на горниот дом на парламентот за усвојување.

Во Русија, десетици илјади луѓе излегоа на улиците од крајот на јануари и побараа ослободување на Навални. Околу 10.000 луѓе беа уапсени на овие нелегални протести.

Во последниве години, Русија продолжи да ги заострува казните од овој вид и процедурите за добивање дозвола за организирање демонстрации.

Новата иницијатива доаѓа неколку месеци пред парламентарните избори, закажани за септември.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote