in ,

Што?Што?

Русинка го тужи Mcdonalds – билбордот ја намами да го прекине постот

Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила велигденскиот пост бидејќи билбордот на „Мекдоналдс“ ја намамил да купи чизбургер и поради тоа ќе го тужи американскиот ланец ресторани за брза храна.

Како што изјавила тужителката пред судот во рускиот град Омск, таа постела за време на седумнеделните предвелигденски пости.

Во април 2019 година, среде постите, Ксенија Овчиникова се шеташе по улицата Карл Маркс, каде наиде на билборд со реклама за „Мекдоналдс“ за чизбургер и „пилешки МекНагетс“.

Таа тврди дека рекламата ги нарушила нејзините верски чувства и ја намамила да купи чизбургер, со што се прекршил постот, за прв пат во последните шеснаесет години.

„Во тој момент постев околу еден месец. „Кога го видов билбордот, не можев да одолеам и отидов да купам чизбургер“, рече Овчиникова во тужбата.

Русинката бара морален надомест од 1.000 рубли (13,5 долари) од популарниот ланец ресторани.

Од друга страна, Руската православна црква вели дека Овчиникова треба да побара прошка од Бога, а не надомест од „Мекдоналдс“.

„Ја советуваме да оди на исповед, а не на суд“, велат од црквата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote