in

РУСКА СЕВЕРНА флота во опасност: ЦИА имаше крт меѓу Русите, им даваше планови на Американците! (ВИДЕО)

Руската безбедносна служба фати шпион, осуден на 13 години

Русија го осуди шпионот на 13 години затвор затоа што тој се обиде да обезбеди информации за руската северна флота на американската агенција ЦИА, соопшти денеска Руската федерална безбедност (ФСБ).

ФСБ објави дека судот во Брјанск, на југозападот од Москва, го прогласи Јури Ешенко за виновен за државно предавство на 17 ноември и тој ќе мора да отслужи 13 години во затвор кој е под строг надзор, објави Ројтерс.

Ешенко се изјасни за виновен и изрази жалење за она што сакаше да го стори, додаде ФСБ.

Шпионот работел во градот Северноморск како услуга на радио-електронски системи што ги користи руската Северна флота.

Тој ги копирал документите помеѓу 2015 и 2017 година, со цел да ги продаде информациите на трето лице, се наведува.

ФСБ заклучува дека Јешенко прв пат ја контактирал ЦИА минатата година, а тој бил уапсен во јули, кога се обидел да изнесе државни тајни.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote