Во средата, Русија изјави дека нивната вакцина против коронавирусот наречена Спутник V е 92% ефикасна за заштита на луѓето од КОВИД-19, според најновите информации од тестирањето. Ова соопштение на Руските власти доаѓа само 2 дена откако Американскиот фармацевтски гигант Pfizer, заедно со нивниот Германски партнер BioNTech, објавија дека нивната вакцина има ефикасност од 90%.
„Моментално 40,000 волонтери учествуваат во третата фаза на тестирањето за вакцината Спутник V од кои 20,000 биле вакцинирани со само една доза на вакцианта, додека 16,000 со двете дози.“ – изјавија Русите. Русија објави резултати од тестирањето уште во Септември и оттогаш тврдеше дека нивната вакцина е безбедна и ефикасна.
Коментари
Loading…