Властите на Соединетите американски држави ги советуваа своите државјани да што се наоѓаат во Индија, веднаш да ја напуштат државата поради енормното зголемување на случаите за Ковид-19.
САД исто така ги советува своите граѓани да не патуваат во Индија, доколку тоа не е апсолутно неопходно. Моментално постојат 14 дневни летови што ја поврзуваат Индија со САД, изјавија од департманот.
Индија се мачи со покачувањето на инфицираните со коронавирусот и појавувањето на нов сој на коронавирус. На дневно ниво бројката на новозаразени надминува 300 илјади, а на смртните случаи повеќе од 3,000.