in

ТаженТажен

Американскиот суд го осуди поранешниот полицаец кој го уби Џорџ Флојд на уште 21 година затвор

Американски федерален судија го осуди поранешниот полицаец Дерек Шовин на 21 година затвор за кршење на граѓанските права на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој го задуши со колено. Судијата му рекол на поранешниот полицаец во Минеаполис дека тоа што го направил е „едноставно погрешно“ и „насилно“.

Судијата го критикуваше 46-годишниот Шовин за неговите постапки на 25 мај 2020 година, кога тој го придуши Флојд на земја во Минеаполис повеќе од девет минути додека умре, и ги игнорираше неговите молби дека не може да дише.

Оваа федерална казна Шовин ќе ја отслужи истовремено со 22 ипол годишната казна што веќе ја доби за убиство и убиство од небрежност во истиот случај.

Задушувачката сцена, која беше снимена и споделена на интернет, предизвика големи демонстрации против расизмот и полициската бруталност низ САД и пошироко.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote