in

Искуство од САД: 36 лица на милион вакцинирани имале проблеми по вакцината!

Помалку од еден во 28.000 лица кои примиле вакцина ковид-19, што е помалку од 0,004 проценти, имале сериозни реакции, покажуваат податоците на одделот на Министерството за здравство на САД и одделот за човечки услуги што се занимаваат со несакани ефекти на вакцините (ВАЕРС).

Здравствените работници треба да го известат VAERS ако се појават несакани ефекти по вакцинирањето, вклучувајќи сериозни проблеми што бараат хоспитализација, опасност по живот или смрт, како и грешки при давање дози.

Најновите податоци на ВАЕРС покажуваат извештаи заклучно со 2 април – околу 102 милиони луѓе примиле барем една доза на вакцина и имало 3.630 пријави до ВАЕРС за сериозни несакани ефекти со вакцините Фајзер/Бионтех, Модерна и Џонсон и Џонсон, што значи 36 луѓе на милион вакцинирани имале проблем.

Имаше уште 53.091 извештај, со помалку опасни симптоми, вклучително и болки во мускулите, главоболки и гадење.

Според предупредувањето на веб-страницата ВАЕРС, „производителите треба да пријават за секој сериозен здравствен проблем по вакцинирањето, без разлика дали се претпоставува дека вакцината е причина“.

Извештаите може да бидат „нецелосни, неточни, случајни и непотврдени“ и не мора да покажуваат проблеми со вакцините.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote