Мохамед Салах стана најдобар стрелец во Лигата на Шампионите за Ливерпул откако Црвените одиграа нерешено во натпреварот со Митиланд. Екипата на Јурген Клоп веќе го обезбеди првото место во групата и го започнаа натпреварот одлично, Салах стрелаше во 55та секунда од мечот.

Ова беше најбрз гол кој некогаш Ливерпул го постигнал во Лигата на Шампионите, а голот на Салах беше 22 во ова натпреварување со што го помина легендата Џерард во постигнати голови. Домаќините израмнија од белата точка во второто полувреме и натпреварот заврши со конечни 1-1.
Коментари
Loading…