in

Само една капка и сарделите ќе цветаат како “луди” – еве што треба да ставите

Во различни временски периоди, домашните сардели бараат различна нега.
Од почетокот на пролетта па до крајот на летото, при полевање на ова цвеќе, во водата треба да се додава малку прихрана која ќе се базира на фосфор кој благотворно делува на цветањето.

Обратете внимание дека во прихраната треба да има минимален процент на азот, бидејќи сарделите може да престанат да цветаат.

Во текот на летото сарделите сакаат свеж воздух, па изнесете ги на балконот, или во градината.

Се издвојуваат 2 основни типови на сардели – ползавци и грмушки. Може да се најдат во повеќе бои, цветовите им се едноредни и најчесто еднобојни, но може да се и повеќебојни. Цветаат кон крајот на пролетта, односно почетокот на летото до доцна есен.

 

Одлична прехрана за сарделите, односно гераниумите е вода во која сте ставиле само една капка повидон јод (комплекс на јод и повидон). Потребен ви е 1 литар вода со 1 капка повидон јод, а доволни ви се само 50 ml вода со која ќе ги полиете внатрешните ѕидови на саксијата каде што е сместено цвеќето.

Немојте да претерувате, за да не го уништите коренот. После ваквото полевање, вашите гераниуми ќе цветаат како „луди“, разубавувајќи го просторот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote