in , ,

Што?Што?

САМО ЗА СТРАСТНИ ЉУБИТЕЛИ НА КЛАСИКА! Гаражиран 35-годишен BMW со поминати 428 километри! [ФОТО]

Љубителите на BMW кои уживаат да возат автомобил на овој баварски производител ќе бидат изненадени од фактот што некој го купил 635 ЦСи во 1985 година, за да го паркира во гаражата ден по регистрацијата, каде што возилото останало во следните 38 години. Црвениот BMW 635 CSi од 1985 година мина само 428 км.

Како што се наведува, купувачот го нарачал автомобилот од фабриката на 20 ноември 1984 година, а возилото му било доставено на 21 јануари 1985 година. BMW беше регистрирано на 28 јануари, а беше гаражирано од следниот ден.

Одометарот застана на 428 километри.

По три и пол децении, возилото беше рекламирано на веб-страницата AutoScout24, а сопственикот бара 125.000 евра за автомобил (цената не е фиксна).

Автомобилот е практично во фабричка состојба и има многу богата опрема за тоа време, која вклучува, меѓу другото, електрични прозорци, патнички компјутер, алуминиумски тркала и АБС систем.

Конечно, под хаубата на BMW 635 CSI се наоѓа 3,4-литарски 6-цилиндар со 215 КС и 305 Nm.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote