in

WTFWTF Што?Што?

Откриена супстанција што го поправа расипаниот телефон – веднаш!

Два тима истражувачи од Јужна Кореја објавија дека нашле решение за проблем што мачи милиони луѓе ширум светот – испукани екрани на мобилни телефони.

Експертите од Корејскиот институт за наука и технологија при универзитетот Јонсеи успеаја да развијат полимер што може да се вгради во ЛЦД-екраните, како што се оние инсталирани на паметни уреди, и кој е способен сам да заздравува, односно да ги санира пукнатините.

Според најавата на научниците, тие користеле супстанца добиена од ленено масло, кое под UV-светло може да се врати во првобитната состојба во рок од 20 минути, односно на собна температура во рок од 12 часа.

Како што објаснија, тие создадоа полимер кој содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон. Тој полимер потоа се претвори во заштитен слој што може да се нанесе на екранот на паметниот телефон. Кога се појави оштетување, микрокапсулите пукаат и ги пополнуваат пукнатините, поправајќи го оштетениот екран.

Со оглед на тоа што податоците покажуваат дека една четвртина од корисниците на паметни телефони мораат да го заменат екранот на својот телефон поради оштетување, ваквата супстанција може да биде голем хит.

Сепак, ова не е ниту прв ниту единствен пронајдок што ги „поправа“ оштетените екрани на паметните телефони. Проблемот е што ваквите системи се сè уште прескапи за да бидат достапни за масите, па затоа е подобро за корисниците, во повеќето случаи, да се збогуваат со расипан уред и да купат нов, отколку да ја санираат штетата.

Само-заздравувачките транспарентни полимиди можат да бидат решение за продолжување на животниот век на мобилните телефони, особено флексибилните екрани и електронските материјали, истакна Јунг Јонг-че.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote