Шампионот на популарната италијанска телевизија „L’Erdita“ (наследство), Масимо Канолета е главниот јунак на епизодата и „џентлменот“ во тоа шоу, во кое намерно го постави одговорот погрешно со цел да им овозможи на другите учесници да стигнат до последната игра.
Имено, во 27 епизоди од тој квиз, Канолета веќе има освоено 202.500 евра, но со погрешен одговор ја изгубил можноста да заработи уште 180.000 евра.
„Го знам одговорот, но тој вечерва ја заслужува победата“, рече Канолета пред да избере погрешен одговор, посочувајќи му на својот противник Томаз, кој досега нема изгубено ниту еден поен.
Сепак, тоа не му помогна на Томаз, бидејќи наместо него, третиот учесник го даде точниот одговор, продолжувајќи ја играта понатаму.
Поради овој чин, Канолета освои многу комплименти на социјалните мрежи, а веста за шампионот џентлмен ја пренесоа бројни италијански медиуми.
Коментари
Loading…