in

Шампионот испрати јасна порака: Покер во мрежата на Атлетико!

Баерн Минхен, актуелниот шампион на Европа, го започна патот до одбрана на титулата во Лигата на шампионите со убедлива победа над Атлетико Мадрид со резултат 4:0.

Баварците рутински славеа на „Алијанц Арена“ во првото коло од групата А По два гола во двете полувремиња, тие завршија во мрежата на Мадрид, а се истакна Кингсли Коман, кој постигна два гола и асистенција.

Француското крило го донесе тимот на Ханси Флик во водство во 28-та минута, по одличниот центаршут на Кимих, и најави што следуваше во продолжението – целосна доминација на домаќините.

До полувремето, Баерн ја удвои предноста. Во 41. минута Коман се проби по левата страна и додаде на Леон Горецка, а тој со прецизен удар од десетина метри го погоди далечниот агол.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote