in

КОЛКУ Е ЛОГИЧНО? Сан Франциско забрани пушење тутун во становите, но не и марихуана!

Властите во американскиот град Сан Франциско забранија пушење на сите видови тутун во становите, но не и марихуана.

Со 10 гласа „за“ и еден „против“, градската комисија го поддржа законот, благодарение на ова Сан Франциско треба да стане најголемиот град во САД каде ќе биде забрането пушење во станови.

Првичниот предлог предвидуваше и забрана за пушење марихуана во становите, но тој беше отфрлен откако активистите се спротивставија на усвојувањето на новата регулатива во Сан Франциско повеќе да не се дозволува легално консумирање канабис.

Според законот на сојузната држава Калифорнија, на која припаѓа Сан Франциско, забрането е пушење марихуана на јавни места.

Член на градската комисија, автор на амандманот за ослободување на марихуаната од забраната, рече дека за разлика од пушачите, кои можат да пушат надвор од станот, „корисниците на канабис нема да имаат такви законски алтернативи“.

За да стапи на сила, одлуката мора да биде потврдена на второ гласање од Комисијата следната недела, а потоа потпишана од градоначалникот. Доколку се случи ова, законот стапува на сила 30 дена подоцна.

Забрани за пушење станови постојат во други 63 градови и окрузи во Калифорнија.

Противниците на забраната се жалат на кршење на нивните права во сопствените домови, додека приврзаниците укажуваат на важноста за заштита на здравјето на непушачите, особено на оние со ниски плати кои живеат во згради со големо население.

Повеќе од 480 000 луѓе годишно умираат од цигари во САД, од кои повеќе од 41 000 умираат од изложеност на чад од тутун, според Центрите за контрола и превенција на болести.

Одделот за јавно здравје во Калифорнија ќе биде одговорен за спроведување на новата регулатива, која прво ќе треба да се обиде да ги едуцира оние што ја прекршуваат мерката и да им помогне на пушачите да се откажат од пушењето. Оние што ќе го повторат прекршокот после тоа, може да бидат казнети со 1.000 долари за еден ден.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote