Во Холандија денеска повторно се отворија кина, музеи, театри и ресторани, што е дополнително релаксирање на санитарните мерки воведени поради епидемијата на коронавируси.
Локалните медиуми објавија дека олеснувањето на мерките е поздравено со ентузијазам.
Многу ресторани, каде што луѓето сега можат повторно да јадат во затворено, беа претежно резервирани, додека билетите за кина и театри беа распродадени, пренесува Хина.
Сепак, бројот на посетители е сè уште ограничен.
На некои места се одржани церемонии на отворање, како што е музејот Ван Гог во Амстердам.
Коментари
Loading…