Вчера беше официјално потврдено, по многубројните гласини, дека Саудиска Арабија ќе биде дел од календарот на трките за следната сезона во најпрестижниот мотоспорт во светот. Арабското кралство ќе дебитира во F1 на гран при календарот следната година со вечерна улична трка во градот Џеда. Министерот за Спорт на Арабија, Принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фаисал изјави дека оваа трка ги отсликува амбициите на државата.
Се шпекулира дека овој договор помеѓу F1 и Саудиска Арабија ќе трае 10 години. Пинцот Абдулазиз ги коментираше многубројните критики кои фановите ги упатија кон F1 поради објавување на трката во оваа конзервативна држава: „Саудиска Арабија беше критикувана дека е затворена кон светот. А сега кога ние се отворивме, повторно луѓето не критикуваат. За многу граѓани тука ова е сон и специјален момент. Сега можеме да му покажеме на светот за што сме способни.“
Коментари
Loading…