in

Саудиска Арабија започна да гради град за пешаци! [ВИДЕО]

Саудиска Арабија, водечки светски производител на нафта, во неделата објави дека ќе изгради град на брегот на Црвеното море „без автомобили, улици и штетни емисии на гас“.

Градот „The Line“ е составен дел од проектот вреден 500 милијарди долари, што на државната телевизија го претстави принцот престолонаследник Мухамед бин Салман.

Проектот НЕОМ ретко се споменува во јавноста откако Бин Салман го објави уште во 2017 година како клучен елемент на „Визијата 2030“ што треба да ја намали зависноста на Саудиска Арабија од приходите од нафта.

Проектот вклучува „град со милион жители, кој ќе се протега на потег од 170 километри и ќе зачува 95% од природата во рамките на НЕОМ, без автомобили, улици и емисии“, објасни Бин Салман.

НЕОМ ќе ги опфати индустриските и логистичките зони на површина од 26.500 квадратни километри, што треба да заврши до 2025 година, според Ројтерс.

„Мораме да го трансформираме концептот на обичен град во футуристички“, додаде лидерот на земјата, која редовно е рангирана меѓу најголемите загадувачи во светот.

Градот за пешаци ќе има училишта, здравствени домови, зелени површини и брз јавен превоз, а патувањето меѓу двете дестинации нема да трае подолго од 20 минути, се вели во соопштението на НЕОМ.

Главната улога е наменета за вештачката интелигенција, а градот ќе биде напојуван со „чиста“ енергија, „создавајќи поздрава и поодржлива околина за жителите, без загадување“.

Изградбата ќе започне во првиот квартал од оваа година, а проектот ќе биде финансиран од државниот инвестициски фонд, со кој кралството се обидува да ја прошири економијата надвор од клучниот сектор за нафта.

Проектот ќе создаде 380 000 работни места и ќе го зголеми бруто домашниот производ на Саудиска Арабија до 2030 година за 180 милијарди риали (48 милијарди долари).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote