in

Се продаваат две гитари на Eddie van Halen!

Две гитари на неодамна починатиот славен музичар Eddie van Halen ќе бидат понудени на аукција во декември, објави аукциската куќа Џулиен.

Тоа e електричната гитара „EVH Charvel srt series“ од 2004 година и гитарата што Ван Хејлен ја адаптираше за свирење во 1991 година во едно студио, соопшти аукциската куќа и додаде дека продажбата е закажана за 5 декември.

Ван Хален правеше шари на двете гитари во свој стил, како и на повеќето свои инструменти од времето на првиот албум на групата во 1978 година. Се проценува дека секоја гитара може да се продаде за цена од 60.000 до 80.000 долари.

Еди Ван Хален (65) почина од рак на 6 октомври.

На аукцијата посветена на светот на рокенролот, ќе биде понудена гитара Fender Stratocaster, која беше разбиена од водачот на групата „Нирвана“, Курт Кобејн, на турнејата за промоција на албумот „In Utero“ во 1994 година.

Исто така има и пар бели ракавици со украси на кристали што ги носеше Мајкл Џексон на турнејата „Победа“ во 1984 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote