in

Се урна авион во Филипините, има и починати!

17 починати беа извлечени од урнатиот воен авион во јужниот дел од Филипините.

Воздушните сили на државата изјавија дека нивниот авион за транспорт C-130 се урнал и веднаш се запалил на островот Џоло во гратчето Патикул во јужниот дел од Филипините. Според информациите 92 луѓе патувале со авионот заедно со тројца пилоти и 5 членови на екипажот.

Сите останати патници биле воен персонал. Вкупно 17 безживотни тела биле извлечени од урнатините досега, додека над 40 биле спасени и однесени во болница, потврди министерот за одбрана, Делфин Лорензана.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote