in

Експресна, ненадејна венчавка – се ожени британскиот премиер Борис Џонсон!

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс се венчаа во Лондон, пренесуваат лондонските медиуми.

Според медиумите, Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале на приватна церемонија во катедралата Вестминстер, во присуство на мал број пријатели и роднини.

Таблоидот Сан (Сан) наведува дека дури и членовите на владата на Џонсон не знаеле дека венчавката е планирана. Според британските регулативи воведени за борба против коронавирусот, на свадбите им е дозволено да присуствуваат најмногу 30 лица.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие имаат едногодишен син Вилфред.

Премиерот има два брака зад себе, додека тој е првиот сопруг на Симондс.

Последниот британски премиер кој се оженил за време на неговиот мандат бил лорд Ливерпул, пред 199 години.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote