in

Се враќа една од најпопуларните серии од деведесеттите години!

Актерот Келси Грејмер во неодамнешното интервју потврди дека ќе го реинтерпретира ликот на радио водителот Фрејзер Крејн во серијата Frasier.

Тоа е продолжение на популарната серија и ќе се занимава со „следното поглавје“ во животот на насловниот лик.

Серијата Frasier беше една од најпопуларните во 90-тите години на минатиот век. Имаше 11 сезони, се емитуваше од 1993 до 2004 година и освои 37 Еми награди, од кои пет за најдобра комедија.

Продолжението на продукцијата ќе биде во студиото CBS, а сè уште не е наведено кога можеме да го очекуваме на малите екрани, како и дали ќе видиме уште некои актери од оригиналната екипа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote