in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Штрумфовите се враќаат, излегуваат девет нови сезони!

Познатите Штрумфови повторно се наоѓаат на малиот екран во Белгија, Франција и Германија со девет нови сезони и 272 епизоди, објави порталот „Фокус на Белгија“.

Малите сини џуџиња првпат се појавија во белгиски стрип во 1958 година, а сега станаа меѓународни sвезди и се популарни далеку подалеку од нивното село во шумата.

Новата серија цртани филмови се емитува на белгиската јавна телевизија РТБФ, а француската телевизија ТФ1 и германскиот детски канал Кика ќе имаат права да го прикажат тоа.

Децата ќе ги следат новите авантури на Штрумфовите во други 40 земји преку различни платформи на Интернет.

Авантурите на слатки суштества ќе продолжат да ги води Големиот Штрумф заедно со другите херои, вклучувајќи ги Кефало, Мргуд, Линцко, Сморко, Шкрабало, Гричко, Трапавко и секако Струмфета.

Цртаните филмови на Штрумфовите, некогаш црно-бели на белгиската телевизија, подоцна станаа популарни со 256 30-минутни цртани филмови емитувани од 1981 до 1990 година. Потоа, Штрумфовите беа наградени со американската телевизиска награда Еми за најдобар цртан филм.

Штрумфовите се популарни низ целиот свет каде што се претставени во забавни паркови во Дубаи, Малезија, Русија и САД.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote