Нови мерки треба да стапат на сила во Хрватска во петок на полноќ. Според хрватските медиуми била донесена одлука за затворање на сите кафулиња и ресторани. Новите мерки ќе бидат на сила од сабота, а треба да траат до Божиќ.
Почетокот на новите мерки беше договорен на состанокот на шефот на Националниот штаб и министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, со општините.
Конечната одлука за затворање на сите кафулиња е донесена со аргумент „дека се претвораат во диско клубови“, изјави за медиумите еден од учесниците на состанокот.
Рестораните ќе можат да испорачуваат неограничено.
Свадбите се привремено прекинати, а фитнес центрите, остануваат отворени, но тие мора да обезбедат 10 квадратни метри по корисник.
Исто така, беше потврдено дека продавниците и трговските центри продолжуваат да работат, но ќе се зајакне надзорот дали бројот на клиенти во нив е во согласност со пропишаниот број на метар квадратен.
Хотелите остануваат отворени, а нивните ресторани ќе можат да работат, но само за гостите во хотелот.
Кината и театрите остануваат отворени.
Коментари
Loading…