in

Селото со НАЈБИЗАРНОТО име ќе се преименува!

Жителите на австриското село Факинг одлучија да го преименуваат своето место Фугинг во надеж дека името на селото повеќе нема да биде предмет на потсмев, соопштија локалните власти.

„Општинскиот совет донесе одлука за преименување на Fucking во Fuging од 1 јануари 2021 година“, рече Андреа Холцнер, градоначалник на Тарсдорф, што го вклучува и идниот Fuging.

Тоа место, со околу 100 локални жители на околу 350 километри западно од Виена, со години беше предмет на потсмев. Различни шегаџии дојдоа да се сликаат покрај таблата на влезот во селото Фукинг, чие име на англиски јазик има непристојно значење.

Подоцна, овие фотографии завршија на социјалните мрежи со разни коментари.

Во минатото немаше мнозинство за промена на името, само за таа промена беа локалните жители кои живеат во близина на знакот на влезот на тоа место.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote