Тимот на Ред Бул одлучи да ја прекине соработката со Алекс Албон и го замени со Серхио Перез.
Мексиканецот си замина од таборот на Рејсинг Поинт откако истече неговио договр, но имаше одлични настапи во болидот на овој тим. Изминатава сезона дури и триумфираше на една трка, онаа втората во Бахреин за Големата награда на Шакир.
Перез има 30 години и веќе зад себе има големо Формула 1 педигре. Кариерата ја почна во Заубер во 2011 година, потоа возеше една сезона за Мекларен во 2013 година, а последните седум години беше дел од Рејсинг Поинт, пет под името Форси Индија.
Што се однесува до Албон, тој ќе остане во австрискиот тим, но ќе ја има улогата на резервен и тест-возач.