Луис Енрике го објави списокот на шпанската репрезентација, на кој, за изненадување на сите, го нема Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид и репрезентацијата.
Селекторот за шпанските медиуми изјави дека разговарал со Рамос.
„Испратив порака на Серхио Рамос, а потоа разговаравме по телефон. Тоа беше тешка и болна одлука, но во моментот најдобра за тоа. Тој едноставно не е во најдобра состојба од јануари, имаше многу повреди “, рече Енрике.
Luis Enrique "I'd like to send message to Sergio Ramos, our captain, who is not on the list as he has not been able to compete since January in the right condition, or even train with group. I told him by phone last night, it was difficult and tough, but its best for team."
— Dermot Corrigan (@dermotmcorrigan) May 24, 2021
Интересно е што Шпанија за прв пат во историјата нема да има ниту еден играч на Реал Мадрид на големо натпреварување.
Коментари
Loading…