По многубројните препреки и одложувања предизвикани од пандемијата, легендарните Friends повторно ќе ги гледаме на малите екрани.
Серијалот е еден од најпопуларните комедии во светот. Беше сниман во 90-тите, а последната сезона искочи пред 15 години. Сега стриминг платформата HBO Max соопшти дека на 27 мај серијата ќе се врати со специјална епизода, заедно со оргиналната актерска екипа.
И покрај тоа што не се емитуваа нови епизоди уште од 2004, Friends сеуште е популарна серија и има се повеќе и повеќе нови љубители. Сите шесторица што ги толкуваа главните улоги (Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Метју Пери, Мет Лебланк, Лиза Кудроу и Дејвид Швимер) ќе ги гледаме во новото издание на шоуто.