Менаџерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан ја понесе одговорноста за лошата вечер на кралевите откако тринаесеткратниот победник на Лигата на Шампионите заработи срамотен пораз од Шахтјор Донецк. Украинците пристигнаа во Мадрид без 13 првотимци поради 19 позитивни тестови и клубот мораше да ги повика своите младинци за да настапат на овој натпревар.
Но младата екипа на Луис Кастро покажа вистински квалитет откако се одлепи до резултат од 3-0 со уште во првото полувреме. Реал се обиде да ја стигне разликата преку головите на Модриќ и Винициус, но без успех бидејќи натпреварот заврши со 3-2 за гостите од Украина.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…