in ,

WTFWTF Што?Што?

Шакира е спремна на се против Пике – само да ги задржи децата во Мајами покрај себе

Шпанските медиуми објавија дека Шакира решила да го напушти играчот на Барселона откако дознала дека тој ја изневерил, а таа не можела да му прости.

Шакира ја напушти нивната заедничка куќа со децата. Таа моментално живее во Мајами и сака целосно да се исели и да живее во Америка, што дефанзивецот на Барселона не сака да го дозволи.

Пике јасно стави до знаење дека е против Шакира да ги однесе децата во Мајами бидејќи не сака тие да бидат толку далеку од него. Фудбалерот на Барса има ангажирано тим од адвокати за да го спречи тоа.

Сепак, битката меѓу него и Шакира е пред почеток и не сака така лесно да се откаже.

Наводно, Шакира му се заканувала на Пике дека ќе ги открие сите негови тајни доколку не и дозволи да се пресели во Мајами со децата и таму да го продолжи животот. Шакира знае многу за својот поранешен партнер и е подготвена да открие се јавно, а некои тајни наводно ќе го нарушат угледот на Пике.

Сигурно е дека Пике нема да се предаде баш така и ќе се обиде со се за да се избори децата да останат во Барселона. Но, Шакира е експлицитна дека повеќе не сака да живее во тој град и сака да биде што подалеку од Пике и неговото семејство.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Шакира е подготвена на се и ќе ги открие сите тајни, а не и е грижа дали Пике или некој од неговото семејство на крајот ќе биде повреден поради тоа. Верувала дека ќе може да се договори без адвокат, но на крајот тоа не се случило.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote