Легендарниот НБА кошаркар Шекил О’Нил го коментираше фактот дека Руди Гобер потпиша договор со Јута вреден нереални 200 милиони долари.
„Џезерите“ го шокираа кошаркарскиот свет кога на Французинот му понудија неверојатен четиригодишен договор и го направија најплатениот центар во историјата на НБА лигата.
Неговиот просек во НБА лигата е „само“ 11 поени по натпревар, а неговите главни квалитети се однесуваат на играта во одбраната.
– Не сакам да мразам никого, но овој договор со Гобер треба да биде инспирација за сите деца. Вие имате просек од 11 поени во НБА лигата и добивате договор од 200 милиони – рече О’Нил.
Коментари
Loading…