in

УбавоУбаво

Шкотски јајца: Вака приготвени го воодушевуваат целиот свет!

Потребни состојки:

  • 500 гр мелено месо
    кромид, сол, бибер
    лажичка црвен пипер
    јајце
    2 парчиња леб
    0,5 дл млеко
    2 чешниња лук
    полнење: 4-5 јајца
    панирање: 2 јајца, половина чаша брашно, половина чаша презла, лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Јајцата сварете ги тврдо. Кришките од леб ставете ги во млеко.Во меленото месо додадете го кромидот, зачинете со сол, црн и црвен пипер. Додадете го натопениот леб, јајце, мелен лук и сецкан магдонос. Добро измешајте ја смесата.

 

Изладете го вареното јајце и излупете го. Подгответе ја смесата за печење. Поделете ја мешавината од месо на 4 дела. Направете плескавица од првата, ставете варено јајце, покријте ја со месо и обликувајте ја топката со рацете. Топчињата превртете ги во брашно, јајца и презла.

 

Загрејте поголема количина масло, па пржете две топчиња првите неколку минути на повисок степен, додека не се формира кора, а потоа на помал степен уште 20 минути. Извадете на кујнска хартија и послужете со сос од павлака.

 

Совет: За време на пржењето, свртете ги топчињата со лажица за да не ја изгубат формата, или пржете во фритеза. Ако сакате помали закуски, исечкајте ги варените јајца со вилушка. Поделете го месото на неколку делови, направете помали плескавици, ставете лажица од смесата со јајца и обликувајте топчиња.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote