in ,

WTFWTF Што?Што?

Последниот документарец на Нетфликс шокираше многумина: „Ова е најстрашното нешто што сум го видел“

Последниот документарец кој се емитува на нетфликс и се базира на вистински настан, гледачите го нарекуваат најстрашниот и најгрозоморен документарец кои го виделе.

Станува збор за документарниот филм Girl in the picture, кој раскажува за грозоморен, шокантен и тажен вистински настан во САД.

Објавен оваа недела, филмот ја раскажува приказната за Шерон Маршал, жена чиј вистински идентитет беше откриен дури по нејзината мистериозна смрт во 1990 година.

Филмот е задолжителен за љубителите на документарните филмови како „Don’t F*ck With Cats“ и „American Murder: The Family Next Door“, во режија на Скај Боргман, позната по нејзината работа на Abducted In Plain Sight.

Официјалниот синопсис за филмот гласи: „Мистериозната смрт на една млада мајка и последователното киднапирање на нејзиниот син ја разоткриваат децениската мистерија за вистинскиот идентитет на жената и убиецот бегалец во центарот на сето тоа“.

Моментално е најгледаниот филм во Велика Британија.

За филмот со денови се зборува на социјалните мрежи, а повеќето луѓе не можат ни да сфатат колку е шокантна приказната.

Откако ги гледаше настаните како се одвиваат во документарецот, еден гледач напиша на Твитер: „Ова е една од најужасните, најодвратните, ужасни работи што сум ги видел. Занемев“.

Друг корисник на Твитер коментирал: „Филмот е всушност една од најстрашните работи што сум ги видел, и секој пат кога мислев дека не може да биде полошо…тоа се случи. Се надевам дека човекот страда секоја секунда од својот живот. ”

Третиот напиша: „Филмот има толку многу пресврти и слоеви! Ова можеби е еден од најшокантните и најстрашните документарци за вистински криминал што сум ги гледал долго време!“

Ова е трејлерот, а нашиот совет е – погледнете го филмот без „Гуглање“ за деталите од приказната:

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote