in ,

WTFWTF Што?Што?

Што е карма и како ја создаваме? Што ќе посееш, тоа ќе си жнееш!

Најверојатно сте приметиле дека кога работите ќе тргнат наопаку луѓето велат: “Сé се случува со причина, бидејќи станува збор за карма”.

Меѓутоа, повеќето луѓе не знаат што навистина тоа значи, особено бидејќи кармата е составен дел од хиндуистичкото и будистичкото учење, кое е различно од христијанството и западниот свет.

 

Карма, според источното учење, го претставува патот кој душата мора да го помине за да научи нешто во ова инкарнација (живот) или да заврши нешто од претходниот живот.

Зборот “карма“, преведен од санскрит, претставува акција, а зборува за законот за причина и последица. Концептот на кармата содржи многу модели, принципи и закони, но сите од нив имаат заеднички елемент: акција и реакција. Сè се пренесува во форма на мисли, емоции и конкретни акции, а сè се враќа на ист начин. На пример, ако украдеме нешто и нас ќе ни украдат нешто, ако физички ги злоупотребуваме другите и нас еден ден некој ќе не злоупотребува, ако лажеме, ќе бидеме измамени. Од друга страна, ако правиме добри работи, доброто ќе ни се врати. Значи законот на кармата е двонасочен. Исто така, тој не го опфаќа само нашиот однос кон другите луѓе, туку и нашиот однос кон себеси.

 

Кармата не е метод на казнување, туку е природен поредок на универзумот кој тече од нашите постапки. Само ние сме одговорни за сопствената карма. Ние ја создаваме и ние можеме да ја промениме. Лесно е да се препуштиме на одредените модели на размислувања и убедувања, но ова може да се промени со сопствена дисциплина.
Клучниот фактор во формирањето на кармата е намерата. Она што е врежано во нашиот ум е најмногу одредено од нашите намери.

 

Ова можеби звучи парадоксално, но ние самите решаваме дали ќе бидеме среќни и спокојни или несреќни и вознемирени. Ние самите ја создаваме сопствената карма.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote