in

Бугарските фалсификатори имале лажни пасоши со фотографија од Сталоне!

Бугарските власти соопштија дека провалиле во криминален ланец кој печател фалсификувани банкноти и високо квалитетни документи.

Меѓу документите имало и лажен пасош со слика на американскиот актер Силвестер Сталоне, кој требало да ги импресионира потенцијалните клиенти.

Обвинителството обвини четворица бугарски државјани дека припаѓаат на организирана криминална група, која правела и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.

Бугарските власти извршија претрес на 30 локации, во заедничка акција со Агенцијата за полициска соработка на ЕУ (Европол) и американската тајна служба, соопштија обвинителите. Шест лица беа уапсени откако беше пронајдена нелегална опрема за печатење банкноти и правење документи, како и голема количина на фалсификувани банкноти од 50 и 100 долари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote