in

СЗО: Ширењето на коронавирусот и смртноста во Европа се забрзуваат

Светската здравствена организација соопшти дека ширењето на коронавирусот во Европа дополнително се забрза, каде минатата за недела дена пораснало околу половина од новозаразените случаи во светот.

Светската агенција објави во неделниот извештај, објавен доцна синоќа, дека европските земји исто така забележале зголемување на смртноста од Ковид-19 за 46% во споредба со претходната недела.

Иако се зголеми и бројот на смртни случаи на американскиот континент, стапката на раст е само два проценти.

Во Европа, Франција, Италија и Велика Британија објавија најголем број нови случаи на инфекција, додека Андора, Чешка и Белгија пријавија највисоки стапки на инфекција по глава на жител.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote